Ахој/Ahoy! Така се поздравуваме во Словачка. Таму од каде што доаѓам, понекогаш во зима знаеме да играме хокеј на замрзнати езера. Го обожавам тоа: слободата, студениот воздух и спортот.
И секоја активност во движење, сеедно: тенис, пинг-понг, фудбал, пливање или популарната „нинџа“… со задоволство ќе се приклучам! Студирав психологија во Холандија и уживам во разговорите за филозофија, општеството во целина, животна средина и друго. Добрите разговори со добри луѓе се драгоцени! Понекогаш уживам да направам чекор понапред и да пишам блог за тоа.
Она што ме донесе во Македонија беше мојата желба! Сакам да бидам во акција. Претходно, учествував во волонтерски проект во Шпанија. Тоа беше одлично искуство, со прекрасни спомени и луѓе што ми дадоа многу. Па, сега кога размислував како да внесам поголем импулс во мојот живот – барав проекти од Европскиот солидарен корпус.
И ги пронајдов ВЦС и Македонија.
Веќе ги запознав луѓето, го видов градот, слушнав различни јазици, пејзажот, посетив кафеана… да видиме што ќе донесат следните два месеци! Нестрплив сум да видам!
Борис Биелик
Борис ќе волонтира два месеци во ВЦС преку краткорочен ЕСК-проект.
Организација-испраќач: KERIC
