You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Cool jobs for a hot planet” во Романија.

Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 26.01 – 4.02.2026

За проектот:
Целта е да се промовира циркуларната економија и социјалното претприемништво преку развивање на клучни компетенции потребни за пристап до одржлив пазар на трудот и бизнис-сфера.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Asociatia Hair Redivivus

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра и до 417 евра за зелено патување) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 20 € за учество.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 21.12.2025

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.