Историјат на кампањата Почетоците на младинското информирање во Македонија датираат од 2010 кога е отворен Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА Прилеп, и истиот работи со Европската повелба за младинско информирање. Коалицијата на младински организации СЕГА, како член на ЕРИКА прва ги поставува основите на младинското информирање во Македонија во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт на Република Македонија со отворање на овој центар. На 19 август, 2015 се отвори втор Младински информативен центар во Кавадарци, со поддршка и во соработка со регионот Долна Нормандија, општина Кавадарци и СЕГА. На 17 Април, 2012, Македонија спроведе Европска кампања за младинско информирање организирана од СЕГА како членка на ЕРИКА (Европска Агенција за младинско информирање и советување). Оваа кампања беше спроведена во 14 земји од Европа и истата имаше за цел да ја подигне свеста меѓу младите за важноста на младинското информирање и правото за истото. Базирано на позитивно искуство со имплементацијата на Европската кампања, и препораките на работната група за младинско информирање, дојдовме до заклучок дека е неопходно да се имплементира национална кампања со цел да се подигне свеста за правото на информирање на младите како целна група и важноста на младинските информативни центри во Македонија. Земајќи го предвид фактот дека младинското информирање е неопходно и е предуслов за еднаков пристап до навремени и точни информации, одлучивме да ја креираме националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај Се СЕГА!!”
Волонтерски Центар Скопје е поддржател, локален партнер и имплементатор на Националната кампања „Право на Младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ #ИнформирајСеСЕГА!
Во тек се реализација на локалните активности кои ја проследуваат самата кампања , како дел од кативностите кои се спроведуваат и ке се спроведваат со вклучување на малдите грагани се: Натпреварот за најдобра фотографиja со цел да се промовира каузата на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА! “, каде учесниците ќе имаат шанса да бидат креативни, да победат и да освојат 15 000 денари.
На натпреварот можат да учествуваат ученици, студенти и државјани на Република Македонија на возраст од 14 до 29 години.
Фотографиите треба да ја претставуваат темата „Младинско информирање“ , конкурсот е објавен до 10 март 2016 каде сите испратени фотографии ќе бидат споделени на фејсбук на фан страната на ИНФО СЕГА.
Од 10 до 20 март 2016 ќе трае фејсбук натпревар врз база на собирање лајкови на собраните фотографии поединечно. Дел од активностите на кампањата кои се спроведуваат тековно се и Средби со претседателите на средношколските организации икласните заедници на средните училишта и Состаноци со локалните невладини организации и локалната самоуправа со цел да се дискутира и да се направи истражување за информирањето на младите во Македонија. Понатаму следуваат Трибини со младите за специфични теми.
Како дел од активностите во месец март ќе се започне со: Креирање на брошура со информации за млади; База на податоци на НВО организации; Додека во месец април следува: Национална дискусија и саем на младински организации. Активностите продолжуваат и понатаму каде за да се обезбеди поголема видливост на активностите од кампањата, ке се изготви финален Е-билтен што ќе биде реализиран и дистрибуиран на 1 јуни 2016 година. Активностите на Националната кампања ќе се спроведуваат во текот на целата година со цел да се дојде до одредено ниво на процент на младинското информирање кај младите во Македонија и истото да се одржува и збогатува со теми, настани, информации кои се од интерес на младите.
За навремено и точно информирање на младите граѓани во Македонија. Инфомрирај Се СЕГА!.
https://www.youtube.com/watch?v=YERc_BHhdx0&feature=youtu.be