You are currently viewing Повик за тренинг курс во Романија!

Повик за тренинг курс во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18+) од Македонија за учество на тренинг курсот “E-Fundraising” во Романија.
Место: Крајова, Романија
Период: 01 – 07 февруари + 2 дена за патување
За проектот:
Проектот е креиран за младински работници, обучувачи, едукатори од 7 програмски земји на Еразмус+ кои сакаат да ги развијат своите вештини за прибирање финансиски средства и да им помогнат да имплементираат алтернативни текови на приходи. Проектот е фокусиран на истражување и размена на методите за прибирање финансиски средства на различни нивоа : сопствени „офлајн“ и „онлајн“ кампањи, платформи за собирање средства.
Повеќе информации: INFOPACK

Проектен партнер: ANDCTR, Романија

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (Апликација за “E-Fundraising”, Романија)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 21.02.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.