You are currently viewing Повик за волонтер во Португалија!

Повик за волонтер во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара 1 волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект “From Everywhere to Everyone” во Вила де Кукужеш, Португалија.

Место: Вила де Кукужеш, Португалија
Период: Март – Септември 2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани. !!

За проектот:

Организацијата-домаќин е дел од португалскиот Црвен крст и Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Мисии:
– Банка за храна: подигање и транспортирање на донации од храна, нивна дистрибуција на семејства и поединци на кои им е потребна.
– Социјална продавница: сорторање, организирање донации на облека, обувки и играчки.
– Дом за стари лица: поддршка со рекреативни активности или во кујна, перална и градина.
– Активности со зависници во закрепнување: спортски активности на отворено/ физички вежби на отворено со зависници во закрепнување.
– Поддршка во: Прибирање средства; Кампањи за подигнување свест; Прва помош (ако сте обучени); итн.

За повеќе информации: INFOPACK

Проектен партнер: Cruz Vermelha Portuguesa

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по португалски јазик се обезбедени.

 

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект “From Everywhere to Everyone”, Португалија)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 23.01.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.