You are currently viewing YE in Croatia: Youth Explores and Hangs Out

YE in Croatia: Youth Explores and Hangs Out

YIA! YEAH! Тоа беа првите и последни зборови на учесниците во младинската размена “Младината истражува и се дружи”, која се одвиваше во Нови Мароф, од 20ти до 27ми август 2011 година. Започна со 25 луѓе од 5 различни земји  (Хрватска, Србија, Романија, Португалија и Македонија), кои се собраа во еден мал град на 60 километри од Загреб. Во текот на седмицата учесниците го откриваа градот и хрватската гостопримливост преку фолклорно танцување, пеење, риболов, велосипедизам, параглајдерство и многу повеќе. Нови Мароф изгледаше на се, освен на досаден град! Седмицата заврши со самостојно организиран настан во Лужец, со потполно право наречен  ЛуџецФест (Луд Фест). Целиот град беше поканет да се придружи на фестивалот и можеше да учествува во работилници за готвење,  да се обиде во стрелаштвото, да игра народни игри, да прави цвеќиња од хартија, да проба вино и да дознае повеќе за капоерата. За музиката беше задолжен традиционален бенд кој свиреше во живо. За време на размената (која беше водена од најентузијастичката екипа што сум ја сретнал), сите се почувствуваа како навистина да ја запознаа Хрватска и нејзиниот народ. Се докажа дека луѓето навистина можат да направат промена! Беше неверојатно искуство кое се надевам дека ќе продолжат таквите искуства. Волонтерите од Волонтерски Центар Скопје се вратија уморни, но многу среќни и задоволни. Нови Мароф, ќе се вратам!
Напишано од Анук Крапс
Преведено од Марија Брзовска