You are currently viewing Would you like to work with elder people?

Would you like to work with elder people?

Бараме волонтер на возраст помеѓу 18 и 30 години за долгорочен ЕВС во Малага, Шпанија.
Проектот трае 10 месеци, почнувајќи од 1 септември 2019 година и завршува на 30 јуни 2020

година.
Име на проектот е „Let’s gardening with the elders!”. Волонтерите ќе работат во Patronato Hogar
Nuestra Señora de los Ángeles, кој е дом за стари луѓе во Малага, Андалузија (Шпанија). Фокусот е
ставен на промовирање на активното стареење кај постарите лица кои живеат таму.
Кои се задачите?
– Дневна грижа за градината (планирање на задачите, садење, наводнување итн.)
– Ангажирање на стари лица во лесни градинарски активности
– Спроведување на дневни работилници со старешините (готвење со нив, украсување
градина заедно и сл.)
– Помагање во некои задачи за одржување на старечкиот дом
– Придружување на старешините за време на екскурзии
– Промовирање и грижа за видливоста на проектот во социјалните медиуми (неделно
објавување на страница на Фејсбук)
– Присуство на неделен оценувачки состанок со координаторот и задолжително присуство
на On Arrival Training и Mid-Term Evaluation
Проектот е совршен за тебе ако навистина сакаш да работиш со постари луѓе, градинарство,
готвење и изработка. Ако зборуваш шпански и сакаш да ги подобриш способностите за зборување,
ќе имаш можност бидејќи старешините не зборуваат англиски. Можеш да ги подобриш своите
презентациски вештини, презентирање и споделување на знаењето за другите култури.
Тоа е до тебе, ако сакаш да ги извршуваш активностите со постари лица и по сопствена
иницијатива! Пред да дојдеш, добро е да ги поставиш своите лични цели за да го искористиш
најдоброто од твоето искуство на ЕВС. Можеш да го развиеш и имплементираш твојот личен
проект.
Ќе се сместиш заедно со другите учесници во проектот во трособен стан во близина на работното
место. Ќе добиваш месечно 150 евра џепарлак и 150 евра месечно за храна. Патниот буџет е 275 €.
Часови по шпански јазик ќе бидат исто така обезбедени за тебе. Работното време е 26 часа
неделно.

Краен рок за аплицирање е 1 јули. Испрати ги своите CV и мотивациско писмо на
vcs_contact@yahoo.com