Woman for Planet

Волонтерски Центар Скопје со задоволство ве информира дека ќе биде партнер на межународниот тренинг курс “Woman for Planet”, организиран од страна на ЕПЕКА Словенија, кој ќе се одржи во Јуни во Европската Престолнина на младите за 2013 година, Марибор. Главната цел на овој проект е да им обезбеди на учесниците можност за неформално едуцирање и развивање на вештини од областа на родовата еднаквост помеѓу младите. Ние се радуваме и едвај го очекуваме новото искуство.