You are currently viewing Добредојде за Каролина од Полска!

Добредојде за Каролина од Полска!

Cześć (Здраво)! Моето име е Каролина и доаѓам од Полска. Имам 19 години. Сега земам една година пауза по завршувањето на средното училиште и дипломата за книжевност/хуманистика.

Панк-рок, планински експедиции, фолклор, мачки и играње со времето се моите омилени работи. За мене најважна работа во животот е да се изразувам на секој можен начин, да доживувам предизвици и да преземам иницијативи. Се изразувам преку свирење музика и пишување поеми или кратки текстови. Затоа и сум тука. Овој проект ми ја даде првата шанса во животот да бидам слушана и да ги подигнам моите интереси на посериозно ниво.

Многу ме интересира примитивизмот на луѓето, тој ми дава инспирација за животот и за пишувањето. Во големите градови живееме во неприродни средини и луѓето стануваат странци на сопствената планета. Мислам дека и во наше време луѓето можат да ја најдат суштината на среќата и едноставноста на животот преку враќање на корените.

Се надевам дека мојата авантура во Скопје ќе ми донесе многу нови искуства и луѓе, како и шанса да истражувам различна природа, локални фолклори и креативна инспирација!

Ако сакате да читате мои статии за култура, размислувања за секојдневниот живот или за среќата – читајте „ВОИСЕС“!

Каролина Кубера

Каролина ќе волонтира во ВЦС 3 месеци преку краткорочен ЕСК-проект.

Организација-испраќач: Fundacja Rozwoju Społeczeństwa Przedsiębiorczego