„ВОИСЕС“ е месечно списание за сите млади луѓе во светот и тоа е проект на Волонтерскиот Центар Скопје. Магазинот е наменет да им пружи повеќе можности на младите луѓе да се стекнат со искуство за работа во интернационална средина, да ги запознаат другите земји и култури, да научат креирање и дизајнирање на списание, како и да го промовираат волонтерството, неформалното образование и младинското учество.

Кои сме ние?

Креатори на овој проект се волонтерите кои работат во Волонтерски Центар Скопје. Тие доаѓаат од различни европски земји да го извршат својот волонтерски програм на Европскиот Солидарен Корпус во рамките на Еразмус+ програмата. Волонтерите кои го создаваат „ВОИСЕС“, секој месец од почеток, ги координираат средбите и содржината на изданието, пишуваат артикли и го дизајнираат списанието. Исто така, секој месец, локални волонтери од Македонија и млади луѓе од целиот свет придонесуваат за списанието со пишување текстови и превод за истите.

За кого пишуваме?

За секого! Настојуваме да обезбедиме обемни содржини во секое издание на „ВОИСЕС“ и да има интересни содржини за секого.

Зошто тоа го правиме?

Бидејќи сме прилично продуктивни млади луѓе, кои сакаат да ги подобрат своите вештини, да го прошириме својот свет и да ги овозможиме овие прилики на останатите млади луѓе. Ние сме среќни што можеме да ја споделиме нашата работа, да ги поздравиме новодојдените во тимот на „ВОИСЕС“ преку несекојдневно интернационално искуство. ВОИСЕС ИЗДАНИЕ


ВОИСЕС издание


Приклучете се на ВОИСЕС тимот!

Во тимот на „ВОИСЕС“ се добредојдени сите луѓе од различни националности кои ќе придонесат за списанието. Сакаме да им дадеме шанса на сите заинтересирани кои пишуваат без разлика на нивното искуство и професионално ниво. Прифаќаме секакви текстови, со исклучок на политика и говор на омраза. Исто така, потребни ни се преведувачи, бидејќи текстовите ги објавуваме на англиски, македонски и на албански јазик. Пишувањето и преводот на текстовите е волонтерска работа што може да се направи од било каде во светот. Вие ќе го имате своето дело – објавено, а ние ќе ви дадеме и сертификат дека сте волонтирале во „ВОИСЕС“.


Е-ПОШТА:
vcs.sending@gmail.com

ТЕЛЕФОН:
+38922772095

АДРЕСА:
Емил Зола 3/3-1 1000, Скопје, Македонија