You are currently viewing МАЛА ДЕВОЈКА ЗА ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ: ДОБРЕДОЈДЕ КЛАРИСА ОД ГЕРМАНИЈА

МАЛА ДЕВОЈКА ЗА ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ: ДОБРЕДОЈДЕ КЛАРИСА ОД ГЕРМАНИЈА

Неочекувана разделба и погрешен избор на работа ме донесоа во Македонија – и сега го живеам својот сон. Пред четири месеци го завршив средното образование во Германија. Уживав во удобноста на средениот живот. По матурирањето, се соочив со ненадејни промени со кои беше тешко да се справам. Во еден момент, решив да ги испробам новите перспективи што ми се нудеа. Не знаев многу за Македонија пред да дојдам овде, но одлучив да ризикувам и да верувам во тоа што го чувствував за да го свртам животот кон подобро.

Па, еве ме и конечно можам да се претставам: Моето име е Клариса и јас сум најновиот и најмладиот волонтер (19 години) во групата. Во следната година ќе бидам дел од Волонтерски Центар Скопје, ќе учам новинарство и ќе помагам во младинската работа. Пораснав во мал град на езерото Констанца во јужна Германија. Од малечка бев воодушевена од други култури и земји. Поголемиот дел од моето училишно време, го поминав на размена низ цела Европа. Секој има своја приказна што сака да ја раскаже, а јас сакам да слушам.

Јас сум вечен оптимист. Го ценам животот поради малите радости, како на пример – уживување во денот покрај езеро, читање добра книга, уживање во храна и пијалоци со пријатни луѓе, поминување долги и спонтани ноќи надвор или запознавање нови луѓе кои ми го прошируваат хоризонтот.

Четири дена сум во Македонија и веќе се чувствувам како дома. Да, имам чувство како многу работи да се случуваат околу мене, а како да ќе ми биде потребно време да ги процесуирам. Но, ми се чини дека токму тоа е чувството што несвесно го барав цело време. Луѓето тука имаат поинаков начин на размислување за животот. Времето минува поинаку, затоа што луѓето се порелаксирани и, сепак, одвојуваат време за другите. Да се биде тука ми го донесе внатрешниот мир што ми беше потребен.

Она што со нетрпение го очекувам се искуствата што ќе ги стекнам во новинарството и во младинската работа. Возбудена сум за она што ме опкружува: различни луѓе, природа, храна и погледи на животот. Што повеќе би можеле да побарате?

Клариса Леуте