You are currently viewing Real information or flashy titles?   

Real information or flashy titles?  

Волонтерски Центар Скопје продолжува со активностите поврзани со  проектот: „Towards Effective Humanitarian Volunteering” – TEHV. На 20 октомври се одржа онлајн тренинг што се однесуваше на улогата на медиумите, етиката и комуникациските критериуми, вештини што се повеќе од потребни во денешното општество. Преку теориска обука со посебен акцент на EUAV-комуникациските цели, како и преку практичните вежби во работните групи – ги зајакнуваме нашите капацитети и стекнуваме знаења во областа на медиумите и начините на кои се презентираат најразлични вести и активности. Ни беа презентирани модели за креирање на текстови, како и техники и начини за користење на фотографии. Вежбавме и како се подготвува интервју во зависност од природата на медиумот. Исто така, се работеше на препознавање на лажни вести како и злоупотребата и манипулирање со фотографии и текст во зависност на контекстот и целта.

Со овој тренинг веќе влегуваме во втората фаза на овој проект, чија главна цел е обука за сертифицирање на организации за програмата EU Aid Volunteers, која има за цел да обезбеди практична поддршка на напорите за давање хуманитарна помош и да придонесе кон јакнење на локалните капацитети во земји погодени од природни катастрофи. Во овој втор дел на проектот ќе се допрат многу полиња, пред се за видливоста и дисеминацијата на ваквите проектите како и работата на Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош. Со овој проект, ВЦС го продолжува своето активно учество во хуманитарни акции и проекти секаде каде има потреба и преку практични делувања, но и преку обуки и тренинзи ја зголемува свеста за хуманизам на младите луѓе и на сите оние кои имаат желба за волонтирање и помагање.

#VCS #adrask #adice #euaidvolunteers #euav