You are currently viewing Post ESC testimony: The world is bigger than it appears!

Post ESC testimony: The world is bigger than it appears!

Што претходеше на твојата одлука да заминеш на волонтирање во друга држава? Дали имаше можеби некакво колебање? Поддршката од твоите најблиски, некои лични размислувања?

Се одлучив да заминам на волонтирање заради што сакав да направам едногодишна пауза со моите студии, одлука која е уште од времето пред да завршам со средното образование, а мојот татко ми даде најголема поддршка за заминувањето.

Како помина патувањето до таму? Пречекот од организацијата-домаќин и нивниот тим?

Патувањето помина многу лесно и интересно, ако се земе во обзир дека татко ми ме однесе до Полска. Пречекот беше совршено добар, ме пречека една личност од организацијата-домаќин  и многу добро ми објасни каде ќе се сместам, како и што треба да завршам во следните неколку дена за да имам полесен престој.

Во што се состоеше твојот проект и волонтирање? Колку се пронајде себе си во тоа?

За времетраењето на проектот, заедно со моите колеги работевме на презентации каде што зборувавме за нашите држави, народи, култури и однесувања. Престојував таму 6 месеци, а кога требаше да си одам – едноставно не сакав. Ми се допаднаа разните личности што ги сретнав и нивните приказни за тоа како тие стигнале до таму каде што се сега.

Колку ти се допадна околината каде престојуваше? Нови пријателства, забавниот дел од волонтирањето и посети на места од културно значење?

Најмногу ме воодушеви мултикултурната околината, ми се допаднаа луѓето со кои бев опкружен и соработував. Секако имаше почетен период на усогласување, но се навикнавме многу брзо, и така неосетно, станавме најдобри другари.                                       

Некои свои размислувања по завршувањето? Со какви предизвици се соочи и колку ти помогна да се надоградиш како личност, нови знаења и вештини?

По завршувањето на проектот си помислив колку е „штета што не земав проект кој трае подолго“. Најголемите предизвици ми беа кога требаше сам да патувам до Варшава и Торун, освен тоа, не се соочив со други предизвици од тој тип. Се разбира, учењето нови вештини и работата во мултикултурна средина секако дека беа најголемите. Мислам дека целиот проект ме смени како личност, ми даде нови знаења за луѓе од други општества и нови гледишта на животот.

Дали би го препорачал целото искуство на младите кои имаат желба да волонтираат?

Секако дека би го препорачал ова неверојатно искуство на сите, особено за ученици и студенти кои се мислат дали да направат пауза со образованието, дури и на сите ученици што се во средно училиште да го имаат во предвид и да размислат за слично искуство.

Дали тргна со некакви очекувања во Полска? Дали очекуваното искуство стана реалност?

Моите очекувања претходно веројатно не беа на исто рамниште со реалноста, можеби дури и не беа толку оптимистички. Па така пресреќен сум како целото искуство стана и се преточи во реалност.

Некои клушни вештини со кои се здоби во тек на волонтирањето? Нови работи научени, различни култури и традиции? Дали има некои видливи промени во твојот приватен живот по вакво едно искуство?

Ваков тип на искуство секако дека има големо влијание врз секого. Научив како да живеам сам, научив како да патувам сам и научив како подобро да се однесувам со различни личности. Се сретнав со разни култури и традиции и сфатив дека светот е многу поголем отколку што изгледа. Во мојот приватен живот дефинитивно има многу промени, станав подисциплиниран, а исто така и посамоуверен.

Лука Николовски