Пријатели на Caretta Carettas

Пријатели на Caretta Carettas

Здраво драги пријатели,

Моето име е Невин Канзо и моментално учествувам на проект што се случува во Анталија (Демре), Турција. Проектот е краткорочен (57 дена). Тука сме двајца учесници од Македонија и нашата главна активност е заштита на Морската желка (Caretta Carettа) за време на сезоната на изведување потомство. Нашите задачи како волонтери вклучуваат:
– набљудување на брегот во должина од неколку километри
– заштита на зоната од можни закани
– да се обележат гнездата со посебни решетки
– повремено чистење на плажата

Мојата организација домаќин LIDOSK промовира интеркултурно образование и разбирање, спорт како здрав животен стил и заштита на средината.

Впечатоците од ова искуство се едноставно незаборавни: да се биде посвесен за животната средина, помош на локалната заедница и животните, морските желки и зајакнати способности како да се помогне во спасувањето и заштита на животните. Друга важна работа е, се разбира, културата. Турција и нејзините жители се секогаш срдечни, пријатни и спремни да ви помогнат. Потоа доаѓа убавината на природата, морето, чудесните историски места во Анталија што мора да се видат и почувствуваат. Очекувам да и остатокот од мојот престој да биде во пријателска и позитивна атмосфера.