Нахрани го мозокот, наместо телото!

Нахрани го мозокот, наместо телото!

Социјалната кампања „Нахрани го мозокот, наместо телото!“ реализирана од страна на Волонтерски Центар Скопје во рамките на локалната проект „Премостување на поделените заедници преку младинска работа“ ПРОДОЛЖУВА во петок, 20 април, во 17:00 во просториите на Волонтерскиот Центар Скопје (ул. Емил Зола 3-2/3, Скопје) со предавање и дегустација на здрава храна. Сите кои се заинтересирани на теми здрав живот, исхрана и нутриционизам се повеќе од добредојдени да се приклучат во овие и други активности организирани во рамките на оваа кампања, која ќе се одржи во претстојните денови. За повеќе информации ве молиме проверете ја страницата на кампањата на Фејсбук: Feed your Brain, instead of your Body! кампања 2012 во Скопје, Македонија.