You are currently viewing ESC in Portugal – Marijana Asprovska

ESC in Portugal – Marijana Asprovska

Нашата волонтерка Маријана Аспровска е дел од ЕСК проектот Volunteer(S)olidarity веќе 9 месеци во прекрасната Агеда, Португалија. Нашите партнери, асоцијацијата Псиентифика, како дел од активностите и ангажманот во заедницата, организираше отворен настан за презентација на различните култури, традиции и обичаи на волонтерите кои доаѓаат од Финска, Грција, Шпанија, Македонија, Обединетото Кралство и Холандија. Волонтерита успешно ги претставија своите земји преку фотографии, видеа, традиционална музика и танци и се разбира, преку храната и кујните. Волонтерите внесоа многу позитивна енергија и умешност во планирањето на настанот (World café-метод од неформално образование), временската рамка и почитување на препораките во време на COVID-19.