You are currently viewing Create your own kind of hero!

Create your own kind of hero!

ПОТРЕБНИ СЕ 5 ВОЛОНТЕРИ ОД МАКЕДОНИЈА

 

Дали мислите дека има премногу негативни ставови во Европа во последно време? Нетолеранцијата, агресивноста, расизмот, ксенофобијата и дискриминацијата изгледа дека се вратија на голема врата последниве години.  Дали сте за акција? Дали сакате стрипови?

Тогаш пријавете се за младинската размена насловена како Миротворци која ќе се одржи од 6ти до 14ти март во градот полн со енергија Берлин, Германија. Тука ќе земете учество во многу работилници и ќе изградите свое разбирање на темите како меѓукултурно разбирање, социјален дијалог и човекови права.

Секој ден ќе биде исполнет со по 5 работилници базирани на неформалното образование но исто така ќе има и место за вашите идеи и иницијативи.

На крајот заедно со останатите учесници ќе креирате стрип со наслов „Европски херој“ кој ќе го претставува позитивниот израз на меѓусебното разбирање, толеранција и заедништво во Европа.

 

Практични информации:

4 учесника (возраст од 18-25 години)

1 тим лидер (26-30 години)

6ти – 14ти Март

Сместувањето за време на младинската размена ќе биде обезбедено заедно  рефундација на патните трошоци.

Без парична партиципација за учество.

 

Испратете ваше CV и мотивациско писмо (на англиски јазик) на:

vcs_contact@yahoo.com

До 6ти Февруари, 2019