Повик за младинска размена  “Are you media literate? YES!” во Малатија, Турција

Повик за младинска размена “Are you media literate? YES!” во Малатија, Турција

Волонтерски центар Скопје бара 7 учесници и 1 лидер на групата од Македонија кои сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Бугарија, Италија, Србија и Турција на младинската размена  “Are you media literate? YES!“ во Малатија, Турција.

Место: Малатија, Турција

Датуми: 23-30 април 2020 година

За проектот:

   “Are you media literate? YES!” е 8-дневна младинска размена која ќе ја зголеми вашата медиумска писменост и ќе ги развие вашите способности за препознавање на пропаганда, пристрасност на медиумите, неточни извештаи и дезинформации. Ќе ги подобрите вашите аналитички капацитети за дигитални / социјални медиуми, вашето критичко размислување и активно вклучување.

Ќе бидете вклучени заедно со други млади луѓе од други националности во овој проект. Ќе бидете повеќе свесни за медиумската писменост и ќе развивате критичко размислување помеѓу младите луѓе кои доаѓаат од земјите учеснички или они кои до кои ќе биде допрено преку Интернет, 4 нови идеи за проекти кои ќе бидат развиени во предлози, нови медиумски содржини создадени од младите за време на младинската размена, со цел да се подигне свеста за медиумската писменост и критичко размислување, преку страната на Фејсбук за проектот и преку каналите на организациите кои учествуваат во проектот.

Информации за учесниците:

    • Треба да бидат од 18 до 25 години

    • Заинтересирани за медиумска писменост, критичко размислување и програмата Еразмус +

    • Може да комуницираат на англиски јазик

    • Може целосно да учествуваат во програмата од почеток до крај

Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС + програмата, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС + (275 – евра за Македонија). Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

За повеќе детали, проверете го:

и испратете мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:

Кој сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате? Како ќе придонесете за проектот?

… И CV (на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 05.03.2020