You are currently viewing Call for Participants for Training Course in Calabria/Italy

Call for Participants for Training Course in Calabria/Italy

Бараме 2 македонски учесници за Еразмус+ Тренинг Курсот DIFFUSE – Digital Inclusion for Further Use” (Дигитална Инклузија за Понатамошна Употреба) во Сан Џорџо Албанезе во Калабрија, Италија.

Место:

Сан Џорџо Албанезе, Јужна Италија

Време:

26.07. – 02.08.2019

За проектот:

Сан Џорџо Албанезе е албанска етничка и јазична енклава во Јужна Италија, со свои посебни традиции и обичаи, кои се пренесени и зачувани со векови.

Во Европа има повеќе јазични малцинства произлезени од цели заедници, кои мигрирале во други држави и со нив ги понеле не само својот јазик, туку и своите обичаи и традиции. За да бидат зачувани, овие заедници треба да бидат вклучени во повеќекултурниот мозаик, што сега станува Европа, преку процес на интеркултурен раст: ова е првиот чекор во намалувањето на стравот од различностите и во дознавањето дека, всушност, тие не се пречка, туку напротив, тие додаваат вредност во општеството.

Следствено на овие искази, општината Сан Џорџо Албанезе одлучи да го развие DIFFUSE – Digital Inclusion For Further Use”, проект кој цели кон подобрување на инклузијата на младите со помалку можности во нивните општества, преку употребата на дигитални технологии за образовни потреби.

Услови/барања за учесниците:

– барем 18 години (нема ограничувања!)

– добро познавање на англиски јазик

– да бидат младински работници (то ест, социјални работници, луѓе кои работат со младинци на локално ниво, социјален воспитувач, забавувачи (аниматори), тренери, вработени во НВО, волонтери веќе вклучени во активности со млади луѓе)

– силен интерес за темата

– еднаква полова застапеност ќе биде земена предвид

Трошоци и сместување:

Патните трошоци ќе бидат надоместени согласно правилата на Еразмус+ (за МК – 180 евра)

Сместување и храна (три оброци дневно) ќе бидат обезбедени

+++ За повеќе информации, проверете во Инфо-пак +++

Како да се пријавите:

Пратете мотивациско писмо (на англиски!) и CV на vcs_contact@yahoo.com

!!! Последен рок за пријавување е 07.07.2019 !!!