You are currently viewing Повик за волонтер во Шпанија!

Повик за волонтер во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Through your eyes 2023” во Шпанија.

Место: Сабадел, Шпанија
Датум: април 2023 – април 2024 (12 месеци)

Повеќе за проектот:
Во зависност од профилот на волонтерите, тие ќе помагаат во различни центри со различни задачи:
– Бидете дел од Одделот за комуникации и помогнете кај социјалните мрежи. Дополнително, оваа личност ќе учествува во проект кој нуди поддршка на младите кои собираат старо железо во градот.
– Поддржете ги социјалните воспитувачи и социјалните работници во две наши резиденции за млади луѓе (од 18 до 21 година) со задачи поврзани со нивното студирање, рекреативни активности, соживот, еманципација, вработување и образовна ориентација итн.

Повеќе информации: Тука

Организација-домаќин: Fundació EVEHO

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирај преку youth.europa Тука

Краен рок за аплицирање: 10.03.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.