Повик за Тренинг Курс во Босна и Херцеговина!

Повик за Тренинг Курс во Босна и Херцеговина!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 млади луѓе и младински работници (18+) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во ”Volunteering connecting communities“.

Место: Сараево, Босна и Херцеговина
Датум: 20.4 – 28.4.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

На семинарот 20 младински работници од различни земји ќе имаат можност за вмрежување и зајакнување на експертизата во нивните области, со фокус на одржливост на волонтерските центри и активности. Проектот има за цел да го зголеми потенцијалот на младите-посебно на младите со помалку можности-во граѓанско образование и волонтерство, како на нацинално така и на меѓународно ниво.

За повеќе информации: Volunteering connecting communities infopack

 Партнери на проектот:  Udruzenje “Mladi Volonteri”, Beyond Barriers, Волонтерски Центар Скопје, Asociatia Allons-y, Luventa

 Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Трошоците за ПЦР тестот ќе бидат покриени. Превозот ќе биде организиран од ВЦС.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Volunteering connecting communities“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 11.4.

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.