Call for a Training Course in Bosnia and Herzegovina!

Call for a Training Course in Bosnia and Herzegovina!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 млади луѓе и младински работници (18+) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во ”Volunteering connecting communities 2.0“.

Место: Сараево, Босна и Херцеговина
Датум: 24.5 – 31.5.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Овoj тренинг има за цел да обучи 20 младински работници како да развиваат кампања во локалните заедници користејќи онлајн и офлајн алатки. Секој партнер ќе испрати 5 претставници и учесници кои ќе ги искористат стекнатите знаења за имплементирање на кампањата во локалната заедница во својата земја.

За повеќе информации: INFO-PACK-Seminar-Sarajevo-24-31-May-2021

Партнери на проектот:  Udruzenje “Mladi Volonteri”Beyond Barriers, Волонтерски Центар Скопје, Asociatia Allons-y, Luventa

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Превозот ќе биде организиран од ВЦС.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Volunteering connecting communities 2.0“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 19.05.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.