You are currently viewing Annual Report 2019 – Volunteers Centre Skopje

Annual Report 2019 – Volunteers Centre Skopje

Од година во година ВЦС продолжува да работи со млади луѓе од цела Европа, нуди можности и искуства преку разни проекти, волонтирање, настани и работилници. Годината 2019 беше уште една успешна година со сите овие мобилности: испративме преку 150 луѓе од Македонија на меѓународни проекти низ Европа, бевме домаќини на локални проекти и имавме 22 нови члена во нашата ВЦС фамилија преку Европскиот Солидарен Корпус и Францускиот Граѓански Сервис. Нашиот тим на волонтери и вработени планираа и имплементираа нови локални активности, учествуваа во различни волонтерски акции и работеа на новиот изглед на ВОИСЕС списанието преку дизајн и содржини. Напишавме и хостиравме повеќе проекти од Еразмус+ програмата во кои беа вклучени млади луѓе, младински работници и тренери од цела Европа за да се стекнат со нови знаења преку образовните методи на неформалното образование и да ги претстават своите култури. Би сакале да се заблагодариме на сите партнери и волонтери кои беа со нас низ ова патување и да ја задржиме добрата соработка за во годините што следуваат.

Погледнете го подетално Годишниот Извештај од 2019 година каде е претставен широкиот спектар на активности и реализирани проекти!

PDF VERSION