Активности
ВЦС организира неколку активности што ги промовираат интернационалноста, волонтеризмот и можностите за младите луѓе од Скопје, како и од внатрешноста на земјата. Нашите локални и меѓународни волонтери спроведуваат низа активности насочени кон поттикнување на младите луѓе да бидат поактивни, да ги надградуваат своите знаења и секако, да се забавуваат!
Секој може да се придружи на нашите настани, да учествува во нивно планирање и организација, да разменува идеи, како и да создаде работилници во средните училишта во Скопје за неформалното образование. Биди дел од зајакнувањето на младите!
Работилници
Неформално едукативни работилници во средните училишта, при што темите се движат од грижа за околината и недискриминација до алатки за театар, пишување лични биографии… Имате идеја? Пишете ни!

Language Karaoke
Секој го знае концептот на караоке: можете да слушате песни од многу земји или да пеете сами и со пријателите. Одлична шанса да се сретнете со позитивни луѓе и да се забавувате!

Pub Quiz
Класичен паб квиз да го испробате вашето знаење со вашиот тим, одлична шанса да запознаете луѓе и да научите нешто ново. Нашите волонтери го подготвуваат квизот и го организираат заедно со пабот „Beerтија“.

Волонтерски активности
ВЦС со задоволство учествува во неколку волонтерски акции преку целата година, како што се „Wizzair Marathon“ или „Water day“. Контактирајте не за да волонтирате со нас!

Акции за чистење
Во ВЦС сакаме да ја шириме свеста за животната средина, рециклирањето и ѓубрето. Организираме акции за чистење околу Кисела Вода за да покажеме пример на чиста и здрава околина.

Активности со деца
Имаме волонтери кои организираат работилници и активности за децата во „Дневниот центар за деца од улица“ и основното училиште за деца со посебни потреби ПОУ „Златан Сремац“
