You are currently viewing (Македонски) Младите ја будат свеста за здрава животна средина

(Македонски) Младите ја будат свеста за здрава животна средина

Младите кавадарчани предводени од нашата волонтерка, Марија Ристова продолжија со акциите за разубавување на градот и неговата околина. Во саботната еко-акција во месноста „Журов дол“ над селото Ваташа беа засадени 60 садници на чемпрес со што беше испратена уште една порака за важноста на чистата и здрава животна средина.

Сакаме да докажеме дека и ние младите кавадарчани имаме моќ да ја промениме околината на подобро“, вели Ристова.

Акцијата е дел од проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum”, организиран од Волонтерски Центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите Ерасмус+“ и Европските млади заедно“. Во реализацијата на саботниот настан се вклучи и ЈП ‘Македонски шуми‘ – подружница ‘Бор‘.

Претходно, младите активисти собрани во неформалната група „KavInАction“, го чистеа реонот околу Тиквешкото езеро, при што беа собрани дваесетина вреќо со ѓубре, најмногу пластични шишиња и лимени конзерви. Тие потенцираат дека сите заедно мора да работиме уште посилно на зголемување на свеста за зачувување на природните убавини.