You are currently viewing (Македонски) Повик за волонтери на Фестивалот на улични изведувачи- „Баскерфест 2018“

(Македонски) Повик за волонтери на Фестивалот на улични изведувачи- „Баскерфест 2018“

БАСКЕРФЕСТ е прв меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот.. Тринаесетта година по ред, на градскиот плоштад во Скопје, ќе се одржи уличниот театар под отворено небо на кој учествуваат улични артисти од разни краишта на светот. Жонглери, акробати, магионичари, кловнови, циркуси, пантомимичари, музичари, илузионсти, танчери.  

Волонтерски Центар Скопје како поддржувач на овој  меѓународен уличен фестивал во Македонија – Баскерфест  2018  објавува повик за волонтери на возраст од 18-35 години, кои би сакале за време на фестивалските денови да се дружат со баскер артистите, како и активно да се вклучат во организацијата на фестивалот. Пожелно е познавање на англиски јазик, како и желба за дружење и комуникација со луѓе од целиот свет. Фестивалот ќе се одржи од 12-17 јули на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.

Од организацијата на овој настан , за волонтерите ќе биде обезбедено:

–          Ваучери за храна и пиво во „Пивница Стар Град“

–          Ваучери за храна и пијалок во градски пивски центар „Колектив“

–          Маички и други аксесоари брендирани од фестивалот

–          Бесплатен превоз

–          Можност за дружба и запознавање со различни култури и националности

–          Сертификат и благодарница за учество на Баскерфест 2018

–          Учество на едукативни работилници

–          Можност за изучување на некоја од баскер вештини со помош на интернационалните артисти

Сите заинтересирани кандидати нека испратат CV на: buskerfest2008@gmail.com најдоцна до 5 Јуни 2018година

Сите дополнителни прашања околу волонтерскиот ангажман на Фестивалот Баскерфест 2018 слободно поставете ги на горенаведената емаил адреса.

Со Почит,

Тимот на ВЦС