You are currently viewing Добредојде за Евелина, нашиот нов волонтер од Полска

Добредојде за Евелина, нашиот нов волонтер од Полска

Здраво на сите!

Јас сум Евелина и дојдов во оваа сончева земја од Полска. Многу сум љубопитна да откривам други земји и култури и имам доволно храброст да одам и да го откривам светот но сеуште немам доволно развиени способности да зборувам за себе па затоа не знам и од каде да започнам. Можеби треба да кажам дека сум целосно заљубена во Балканот. Еднаш дојдов овде на кратко патување но откако си отидов од Балканот забележав дека Балканот никогаш не ме напушти мене. Имам пропатувано доста, го завршив својот Еразмус семестар во Бугарија и бев настроена да го посетам секој ќош од Балканот. Затоа и одработувањето на мојот ЕВС сервис дојде сосема природно да биде во Македонија.

Некогаш се чувствувам како животот да ми дава случајни инспирации но во стварност секоја одлука што ја имам донесено ме има однесено некаде. Студирав на 3 различни факултети иако сите околу мене ми велеа: „Да не си полудела што правиш толку многу работи одеднаш?“ Но мене ми се допаѓаше да бидам зафатена постојано и со големо воодушевување одев наоколу со камерата и сликав фотографии од практично се, жонглирање, удирање на афрички тапани дури и настап за тим во американски фудбал (Да, девојките и тоа можат да го прават), започнував да учам италијански 3 пати, кинески и така натаму.

Моја најголема инспирација се луѓето што ги среќавам и поради кои постојано се надградувам. Ми се допаѓа многу мултикултурна средина и секогаш се трудам да научам што е можно повеќе за други култури. Се разбира, исто така многу сакам и јазици па затоа првото прашање на луѓе од други земји е како да кажам нешто на нивниот јазик. Мојата глава е буквално како база за зборови и изрази на многу, многу јазици, некогаш случајни, некогаш корисни или пак само смешни.Кога веќе еднаш ке искусите нешто дури и не забележувате колку влијаело тоа на вас. Кога гледате фудбалски натпревар од Бразил со бразилски пријатели и природно ви доаѓа да извикувате со нив: “Vai! Vaaaai!” и оттогаш секогаш ќе извикувате „Напред“ на португалски, а не на полски додека гледате натпревар со било кого. Кога ќе поминете неколку дена во Бугарија и слушате „Хајде!“ насекаде по улиците по враќањето во Полска им векате на пријателите: „Хајде!“ дури и ако тие не сфаќаат што викате. Мислам дека е навистина значајно да знаете да кажете основни работи на друг јазик, не за да се покажете туку да им покажете на другите луѓе дека нивниот јазик и култура се единствени и дека ги почитувате. Значи ова сум јас накратко. Или можеби не толку накратко иако не знам многу да зборувам за себе воглавном не знам да бидам кратка, зборувам многу. И се надевам дека наскоро ќе можам да зборувам и на македонски.

Евелина Хањска