You are currently viewing Youth Exchange in Hungary!

Youth Exchange in Hungary!

Заинтересирани сте да учествувате заедно со 4 други држави на Младинска размена што се одржува од 24 Јуни до 3 Јули 2019 година во Унгарија (во селце сред Националниот Парк Hortobágy) ? Потребни се 5 учесници на возраст од 14-18 години + еден тим лидер постар од 20 години. Земји учеснички§: Финска, Италија, Македонија, Романија и Унгарија, а темата е за личен развој, толеранција, креативност и соработка! Сместувањето е во куќички од камен кои имаат Wi-Fi и климатизирани на соларна енергија. Работен јазик е англискиот.

Размената е дел од Еразмус+ програмата па затоа сместувањето, патните трошоци и храната ќе бидат обезбедени од организаторите. Не е потребна никаква котизација за размената.

Активности: работилници за меѓународна и интеркултурна комуникација и прифаќање, тимска работа и улоги во тимот, стилови на учење и личен развој. Работилница за фотографија/видео како начин за самоизразување,  лов на закопаното богатство, јавање коњи, возење со коњски коли во заштитени природни области, изработка на традиционални ракотворби, патување во Дебрецен (само на 40 км оддалеченост, втор град по големина во Унгарија)!

Прочитајте повеќе и аплицирајте со испраќање на мотивациско писмо на: vcs_contact@yahoo.com. Крајниот рок за пријавување е 22.4.2019.

Насловете го маиилот “YE in Hungary ”.

Повеќе инфо: call_exchange_values_hungary