Можност за Македонци! (рок: 09.06.2019)

Потребни се 6 учесника (16-21 година) од Македонија.

Се чувствувате доволно симпатични или CUTE? CUTE е всушност кратенка за соработка, разбирање, толеранција и оспособеност. Пријавете се за наѓата младинска размена! Работилници, игри и интер-културни средби што ќе ги прошират вашите хоризонти, ќе ги развијат вашите лични и професионални вештини и ќе ви донесат многу убави моменти. Запознајте млади луѓе од Романија, Унгарија и Бугарија и поминете неколку неверојатни и продуктивни денови во Струга.

Младинската размена има за цел да ги подобри личните и професионални вештини на младите по однос на меѓукултурна соработка и самосвесност. Размената посебно ќе биде насочена на интеркултурното учење и секоја група ќе има по една вечер за претставување на својата земја, култура и кујна.

Целите на проектот се:

-да се подигне свеста на младите за нивните лични и вредностите на заедницата

-да се нагласат заедничките вредности и започне толеранција и прифаќање на други култури

-да ги оспособат да ги реализираат потребите, плановите и преземат акција и донесат промени во нивните помали или поголеми заедници.

Заинтересирани? Пријавете се сега со CV и мотивациско писмо на: vcs_contact@yahoo.com

(На англиски јазик, двете, мотивацицко писмо: возраст, кој сте? Зошто сакате да учествувате? Како можете да допринесете?