Пролетни работилници во ВЦС 2015

Драги волонтери и волонтерки,

Ја отвораме сезоната на работилници за оваа година токму денес, вторник, 27ми јануари, со филмска вечер во 18:30ч. А ќе следат уште многу до почетокот на летото.

Програмата што ја подготвивме за овој циклус е следна:

Тема: ФОТОГРАФИЈА
Секој четврток, почнувајќи на 5ти февруари, во 17:00 во просториите на ВЦС Скопје ќе се одржуваат работилници по фотографија со нашиот ЕВС волонтер од Италија – Јакопо Ланди кој е по професија фотограф, и ќе биде цел курс со времетраење до мај, а во мај ќе одржиме заедничка изложба. За да учествувате на овие работилници ви е потребно да имате фотоапарат (било каков) и ќе биде формирана фиксна група која ќе го следи целиот курс, и ќе имате можност да добиете сертификат.

Тема: ФИЛМ + ДИСКУСИЈА
За време на овие активности ќе уживаме гледајќи филм, ќе се дружиме, ќе продискутираме за темата и случувањата во филмот и ќе напишеме статија за ВОИСЕС магазинот врз основа на изведените заклучоци од нашата дискусија. Овие работилници, т.н. ФИЛМСКИ ВЕЧЕРИ ќе се одржуваат еднаш месечно во станот на ЕВС волонтерите, за точна локација погледнете ја мапата на нашата веб страна. За датумот и времето на секоја наредна ќе бидете известени барем 3-4 денови однапред. Доколку имате и вие ваш предлог за филм слободно пишете ни.

Тема: МЕЃУКУЛТУРНО УЧЕЊЕ
Исто така и овие работилници ќе се одржуваат еднаш месечно, за локацијата ќе бидете информирани најмалку 3-4 денови пред одржувањето и секој пат ќе биде претставена друга култура. На првата ќе имате можност поблиску да се запознаете со словачката култура со нашата ЕВС волонтерка – Моника Наглова од Словачка, а ќе се одржи на 17ти февруари, со почеток во 17:00часот.

Учеството е бесплатно но бројот на места ограничен, затоа пријавете се да си резервирате место на vcs_contact@yahoo.com, со што ќе напоменете за темата на работилница за која се пријавувате, воедно испратете ни ги вашите основни податоци – име, презиме, телефонски број за контакт. И секако можете да учествувате на повеќе доколку сакате.

*СИТЕ АКТИВНОСТИ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте не на vcs_contact@yahoo.com и/или на тел 02/2772-09502/2772-095.

Се гледаме
Вашиот ВЦС тим