Здраво!

Еве неколку информации за мене- се викам Трине и доаѓам од Естонија. Имам 22 години и дојдов овде да волонтирам. Дојдов во Македонија пред 5 дена.

Всушност јас не ја избрав Македонија. Би рекла дека Македонија ме избра мене. Дипломирав на студиите по психологија и почувствував дека ми треба да се здобијам со искуства пред да го продолжам моето образование бидејќи не бев баш сигурна во која област би сакала да специјализирам. Ми беше понуден проектот „На децата Роми исто така им е потребна грижа“ и бидејќи многу сакам да работам со деца и млади си реков: Зошто да не? И засега сум многу среќна со својата одлука.

Во слободното време сакам да патувам, планинарам и поминувам време во природа. Знам дека македонците се познати по својот животен стил да се забавуваат но исто така, за среќа имаат прекрасни планини овде па мислам дека ќе најдам некоја златна средина помеѓу овие две работи. Бидејќи претходно не знаев многу за Македонија возбудена сум да видам што има да понуди. И нестрплива сум да го искусам сето тоа.

Трине Висма