You are currently viewing Добредојде на Дина – нашиот нов волонтер од Белгија!

Добредојде на Дина – нашиот нов волонтер од Белгија!

Здраво од Дина, од организацијата АФС од Белгија. Имам 18 години, доаѓам заедно со мојата пријателка Ема во Скопје која ја сретнав на состанок 3 недели претходно, за да работам како волонтер во главниот град на Македонија. Организацијата во Скопје е ВЦС. Јас ќе одам во Дневниот центар за деца од улица во Шутка.

Јас сум личност која сака да научи многу и да запознае нови луѓе. Исто така можам да го подобрам мојот англиски јазик овде бидејќи претходно го немам активно користено.

На овој проект можете исто да научите да зборувате отворено и да станете независни. Вашите јазични вештини се подобруваат. Запознавате други култури и учите како да ги почитувате.

Истражив на интернет многу места во Македонија и постојат многу што треба да се видат. Навистина би сакала да ги посетам. Шетање низ Стара Чаршија, Камениот Мост преку реката Вардар, Зоолошката градина, Кале, Милениумскиот Крст, кањонот Матка, популарното Боемско маало и плоѓтадот Македонија.

Луќето од ВЦС организација се пријателски и навистина ви помагаат. Ве почитуваат и дури и ако не се снаоѓате баш со јазиците можат нешто да ви преведат. Ме прават да се чувствувам пријатно тука.

Ако сте авантуристички настроена личност и знаете како е да се живее независно, тогаш ова е за вас или едноставно ќе го научите тоа преку овој проект.

Дина Кокс