ЕВС волонтерите се како капка вода на цвеќе оставено на летните горештини на нашите тераси. Волонтерите со својот ентузијазм придонесуваат кон подобрување на заедницата и ги мотивираат младите.

Волонтерски Центар Скопје заедно со здружението на родители на деца со најтежок физички инвалидитет и деца со пречки во развојот Анџели од Хрватска, реализираат проект „ЕВС – чекор понапред кон инклузија“.

Проектот на едно место собра 30 младински работници, персонал и соработници од полето на волонтеризмот, од 9 држави. Втората фаза на проектот поддржан од Еразмус + програмата на Европска Комисија, се одржува во Македонија, Скопје и Струга. Во рамки на проектот учесниците имаа студиска посета на Волонтерски Центар Скопје, кој во исто време е и домаќин на проектот.

Во текот на студиската посета направена беше кратка презентација на работата на ВЦС со особен осврт на локалните активности и волонтери на организацијата како и придонесот на ЕВС волонтерите за подобрување на работата на организацијата и нивниот придонес за поинклузивно општество.

Посетата вроди со дискусија и споделување на различни искуства од ЕВС волонтерите.
На крај ги испративме посетителите со очекување на еден од учесницте да се врати на ЕВС проект во октомври.

Повеќе информации очекувајте на нашиот блог Voices.

Тимот на ВЦС