You are currently viewing VOICES January 2020

VOICES January 2020

Крајот е нов почеток. Со доаѓањето на секоја нова година, луѓето не застануваат со своите надежи, планови, фантазии, соништа, идеи… Тимот на VOICES се придружува на овој глобален ентузијазам и ви ветуваме дека нема да застанеме со фантазирањето!

Но, прво, да ве вратиме во античките времиња на Лапонците. Сте слушнале за нив? Подоцна ќе се вратиме назад во нашето време за да направиме една бура на идеи за ориентализмот на 21 век. Во ова издание на VOICES, освен што ќе патувате низ времето, исто така ќе патувате и до најразлични места преку личните приказни на нашите писатели. Замокот на Дракула во Романија, Рим, Барселона, Ница…, па ќе се вратите право во Струга и Скопје. Не грижете се, имаме совршено патување и за љубителите на физиката – ќе може да прочитате и за познатата теорија на сè. Доколку сакате јазици, една од нашите статии обработува загрозен јазик. Дали некогаш сте се прашале зошто јазиците исчезнуваат и колку од нив веќе исчезнале?

Така, продолжете со имагинацијата. Не заборавајте по пат да споделите и насмевка. И не заборавајте да читате – можеби ќе научите нешто попатно, но корисно и поучно!

ВОИСЕС Јануари 2020 PDF