Повик за 8 учесници од Македонија

за младинската размена ‘From Mix-Abilities to New Opportunities’

во Анкара, Турција

од 10ти до 18ти Мај 2019

Дали сте на возраст од 18-30 години? Дали сакате да ги споделите вашите проблеми и искуства и да дискутирате за начини да се подигне свеста во однос на предизвиците со кои лицата со посебни потреби секојдневно се соочуваат?

Ова е можност за вас да дискутирате на оваа тема во интернационална група. Ќе бидете дел од група со 48 учесници од државите: Турција, Романија, Холандија и Полска.

Проектот е отворен за лица со посебни потреби и лица со помалку можности. Главна цел е да се дојде до млади луѓе кои не се директно вклучени во активноста и да се подигне нивната свест за проблемите кои младите лица со посебни потреби ги имаат. Учесниците ќе ги претстават своите приказни во форма на фотографии, видеа, запишани интервјуа и ќе ги споделат на социјалните мрежи. Згора на тоа, тие ќе имаат шанса да се здобијат со компетенции како што се тимска работа, комуникација, водење работилници и решавање на проблеми во интрекултурални околности.

Храната и сместувањето ќе бидат одбезбедени од страна на организаторот. Буџетот за патување на секој учесник е 275€ кои ќе бидат надоместени по завршувањето на Младинската Размена и обезбедувањето на сите билети.

Партиципација е 20€.

Ако сте заинтересирани, контактирајте нè на следниот е-маил: vcs_contact@yahoo.com.

Имате време до 26ти Февруари да ни го испратите вашето CV и мотивационо писмо на Англиски.