You are currently viewing Проект: „Младинска Работа – Пат до Мирни Општества”

Проект: „Младинска Работа – Пат до Мирни Општества”

Тренингот „Младинска Работа – Пат до Мирни Општества” беше спроведен во убавиот и пријатен град Благоевград, во Бугарија и траеше цела седмица. На денот на пристигнување, сите учесници се собраа на вечера во еден гостопримлив и удобен хотел во старата етничка област на Благоевград, наречена Вароша. По вечерата, оние кои сеуште имаа доволно енергија за истражување на градот се собраа во една мала група и направија мала ноќна околу центарот на Благоевград. Тоа беше значаен момент на зближување за учесниците, бидејќи следниот ден веќе се познаваа подобро и полесно го скршија мразот во текот на почените активности тој ден.

Првиот вистински тренинг-ден, главно беше посветен на тим-билдинг активности и запознавање. Учење за другиот е клучна состојка од секој тренинг, со што учесниците треба да изградат доверба во заедницата; тоа обезбедува подобра основа за градењето на тимот и исто така овозможува учесниците да ги споделат своите емоции и мислења слободно. На тој начин, нашите учесници се придружија на своите тимови за Потрага по богатството низ Благоевград и по вечерата, сите се собравме на Интеркултурна ноќ, на која сите учесници ги претставија своите држави и националната храна.

Следниот ден беше посветен на теми како мир и ненасилни движења, како и работилници за анализа на конфликти, кои учесниците ги правеа во мали групи. Бидејќи вториот сесиски ден беше како вовед во мир и управување со конфликти, денот потоа се задржавме на претходните дискусии и се фокусиравме на мапирање на конфликтите и разбирање на ненасилните движења. За време на овие сесии, нашите учесници имаа одлична можност да го споделат своето знаење на оваа тема, нивното претходно искуство како младински работници и исто така разменија сопствени мислења, што беше од голема помош за идната младинска работа по тренингот.

По напорно учење, на луѓето им треба одредена пауза за да се опуштат и да ги преработат новите информации. Имајќи разбирање за оваа потреба, организиравме целодневно патување до прекрасниот манастир Рила, со неговата чудесна архитектура, привлечните пејсажи и мистериозните пештери. Имајќи можност да се соединат со природата и да уживаат во пикникот, учесниците целосно ги наполнија батериите.

На петтиот ден имавме Форум Театар како активност, која се докажа како најсаканата дотогашна активност. Нашите идни тренери беа поделено во помали групи и требаше да презентираат еден општествен проблем со определен угнетувач и угнетените, а публиката смееше да стане, да ја прекине претставата и да го промени сценариото. Целта на оваа активност беше да им се покаже на набљудувачите дека општествената промена е повеќе возможна отколку што можеби мислат.

Како што се обидувавме да ја одржиме соодветната рамнотежа помеѓу телесни и умствени активности, втората половина од денот беше одредена за самостојно учење, при што учесниците имаа можност да изберат 2-4 онлајн курсеви. Следниот ден започна со Саем на невладини организации, каде нашите учесници беа запознаени со средствата за градање на мир, човечки права, образование и анти-говор на омраза. Еден од нашите идни тренери се качи на сцената и ја сподели својата работа поврзана со градење на мир и анти-говор на омраза, која тој и неговиот тим ја имплементирале во Украјна и Шпанија. Згора на тоа, повеќето од другите идни тренери придонесоа за општото знаење преку споделување на нивните материјали и примери на оваа тема. Вечерта беше крунисана со проштална Бугарска Вечер, на која сите учесници ја искусија вистинската бугарска култура преку традиционална музика, танц и кујна.

Следниот ден беше одбележан од затворачката сесија и на сите учесници им поделивме Youth Pass – сертификати, разменавме зборови на благодарност и информации за да останеме во контакт. Беше меланхоличен ден, бидејќи сите се зближивме во текот на изминатата недела и станавме едно големо меѓународно семејство. Како и да е, ние ќе продолжиме со нашите тренинг-проекти и се надеваме ќе ги видиме познатите лица повторно!