You are currently viewing Можност во Бугарија!

Можност во Бугарија!

Повик за 1 волонтер (18-30) од Македонија за 6 месечен ESC проект во Софија, Булгарија

Краен рок за аплицирање: 10-ти Мај 2019 година

Дали сакате да работите со млади луѓе од 14-18 години? Дали сте заинтересирани да работите на прашања за полови и репродуктивни права како полова рамноправност, планирање на фамилија, ХИВ/СИДА и сл.

Тогаш пријавете се за Volunteering for Youth Empowerment Project во Софија.

Заедно со другите волонтери ќе бидете ангажирани во организирање различни активности за младите во Бугарија. На пр. Обуки, информациони кампањи и многу повеќе. Главната цел е да се информираат и да се сменат ставовите на младите на теми поврзани со човековите права и здрав начин на живот, со фокус на полово и репродуктивно здравје и права.

За времетраењето на проектот ќе имате можност да развиете важни лични и професионални вештини и да работите во интернационална средина. Патните трошоци и за виза ќе бидат покриени, а волонтерот ќе добие сместување и хонорар за неговиот престој во Софија.

Заинтересирани? Испратете во вашето  CV и мотивациско писмо на:

vcs_contact@yahoo.com најдоцна до 10-ти Мај 2019 година