Отворени места за 2 ЕВС волонтери во Романија… Проектите се веќе одобрени!!!

Почитувани волонтери, Со задоволство ве информираме дека Волонтерски Центар Скопје е партнер на 2 веќе добрени ЕВС проекти во Арад, Романија. Располагаме со слободно место за еден волонтер Македонија на проект со назив “Volunteers on the Move”, во времетраење од 9 месеци. Исто така, располагаме со слободно место за еден волонтер на проект со назив “My Pet”, во времетраење од 12 месеци. Почетокот на двата проекти и заминување на ЕВС сервис е 1 Октомври. Ако сте заинтересирани за подетални информации, ќе ве молиме да не контактирате на нашата и-мејл адреса: vcs_contact@yahoo.com;