You are currently viewing Отворен повик за Волонтирање во Велика Британија!

Отворен повик за Волонтирање во Велика Британија!

Бараме еден учесник од Македонија за “Volunteer for Change” долгорочен ЕСЦ проект!

Дестинација е The Asha Centre, Forest of Dean, Велика Британија.

Проектот трае од 7 октомври 2019 до 7 август 2020.

Твоите задачи во The Asha Centre ќе бидат помош на кујна (готвење, сервирање и купување на храна), домаќинство и одржување на имот, гостопримство на гости и групи, биодинамичко градинарство, помош во канцеларија (помагање со логистиката и Еразмус+ проекти), културни и уметнички настани/излети/проекти, ангажирање на локални заедници (во руралните англиски средини).
Ако си личност која е проактивна, сигурна и одговорна, заинтересирана за одржлив/здрав начин на живот и меѓукултурно/меѓуверско живеење на заедницата, личен и социјален развој, флексибилна, претприемачка, друштвена, отворена за учење и учество во сите практични активности – аплицирај сега! Испрати го своето CV и мотивационо писмо на: vcs_contact@yahoo.com.

Краен рок е до 22 јули 2019!

Финансирањето на проектот опфаќа сместување, храна, локален превоз и здравствено осигурување. Буџет за патување 360 €.

За повеќе информации пишете на: esc@ashacentre.org или проверете го Инфо пакот!