Интернет курс, зошто да не?

Во изминатата година Волонтерски Центар Скопје беше дел од КА2 проект финансиран од страна на Европската унија преку Еразмус + програмата за градење на капацитетите на луѓето, ТраинВол.

Во овој проект фокусот беше ставен баш на она што е поле на делување на Волонтерски Центар Скопје, младинската работа и волонтерството. Во ТраинВол учествуваа четири партнер организации од Босна и Херцеговина, Грција, Кипар и секако Македонија односно Волонтерски Центар Скопје кој во исто време беше и водечки партнер. Како резултат на овој проект се и двајцата координатори, новиот тим во Волонтерски Центар Скопје.

Она што исто така произлезе од овој проект е и интернет платформа, бесплатен интернет курс на кој сте во можност да се стекнете со сертификат. Платформата е достапна на четири јазици, македонски, англиски, босански и грчки. На платформата ќе најдете два курса, едниот за младински работници и другиот за волонтери. Двата се состојат од по четири модули и на крај имате прашалник со 24 прашања каде може да бирате од понудените одговори, со 70% точно одговорени прашања го добивате сертификатот. Во секој модул има посебни и поделени единици во кои се подредени информациите и кои содржат видеа, приказни од волонтери и многу корисни линкови.

Доколку сакате да дознаете повеќе и да добиете сертификат потребно е само да се регистрирате со вашиот имејл и да го започенете курсот или двата.

Платформата може да ја најдете тука :https://ecourse.trainvol.eu/login/index.php

Погледенте го светот со други очи.

Волонтерски Центар Скопје