You are currently viewing Make your life – Life + with Erasmus +

Make your life – Life + with Erasmus +

Дали сакате да дознаете повеќе за програмата Еразмус +?

 

Од понеделник, 15ти април, во Струга, Македонија се одржува тренинг курс со помош на Еразмус +. Тема на проектот е „Без говор на омраза: методи и техники кои се користат против говорот на омраза”. Учесниците од 13 земји (Португалија, Македонија, Италија, Хрватска, Словенија, Германија, Финска, Данска, Грција, Шпанија, Полска, Латвија, Романија) дискутираат за корените на предрасудите, стереотипите, дискриминацијата, социјалната исклученост и улогата на медиумите во креирањето на мислењето на луѓето. Тие се обидуваат да дојдат до заклучок, како во денешниот свет можеме да се бориме со говорот на омраза и неговите последици.

 

Ќе има отворена Еразмус + сесија за секој што сака да се запознае со програмата воопшто, што точно е тоа, кои се главните столбови, како и можностите што ги нуди. Можете да се придружите во Хотел Солферино, Црвен крст на град Скопје во Струга, во 11:30 часот, вратите ќе бидат отворени за сите кои сакаат да стекнат знаење и да започнат авантура со Еразмус +.

 

Направете го својот живот – Живот + со Еразмус +.