You are currently viewing Fight hate speech with us!

Fight hate speech with us!

Бараме еден младински работник од Македонија

 

Помеѓу 1 и 9 септември, во Брага, Португалија, ќе се одржи последниот дел од проектот „No Hate Speech: Methods and Techniques Combating Hate Speech“.

Тоа е проект кој се фокусира на подигање на способностите на младинските работници и организации за ефикасна борба против социјалната исклученост, дискриминацијата и говорот на омраза, да се разбере кога некој е дискриминиран и да се каже нешто за тоа.

Првиот дел од овој проект се случи во Струга, Македонија во април оваа година. За време на семинарот во Брага, ќе бидат претставени повеќе методи и алатки за борба против говорот на омраза, ќе се создадат нови врски и партнерства, ќе се работи на резултати кои можат да се споделат со пошироката јавност и кои можат да помогнат општеството да биде подобро место за секој од нас.

Овој семинар ќе собере 30 луѓе, да работат заедно против социјално исклучување и сите работи кои не се добри на овој свет. Ќе се соберат 30 лица кои ќе можат да се поддржат еден со друг, да споделуваат добри практики од и во нивните земји и да создадат мрежа која ќе продолжи со тоа што започна со „No Hate Movement“.

Ако се чувствувате како да сте некој кој е подготвен да се приклучи на добрата кауза, испратете ја вашета кратка биографија и мотивационо писмо (на англиски јазик) до 23-ти јули на:

vcs_contact@yahoo.com

Мотивационото писмо треба најмалку да одговара на прашањата:

-Кои сте вие?

-Колку години имате?

-Зошто сакате да учествувате на овој проект?

-Како може да придонесете на овој проект?