You are currently viewing Изложба по повод 25-годишнината од Кадифената револуција

Изложба по повод 25-годишнината од Кадифената револуција

Моника и јас (Михал) бевме поканети од страна на Амбасадата на Република Словачка во Скопје да присуствуваме на изложбата посветена на 25-годишнината од Кадифената револуција. Целиот настан беше организиран од Амбасадата на Република Словачка во Скопје и се одржа на 18 ноември во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Од ВЦС бевме четири присутни: Моника, Сања, Пол и јас. На отворањето беше одржан говор од страна на министерот за надворешни работи на Република Македонија г-дин Никола Попоски. Исто така многу амбасадори кои се со седиште во Скопје присуствуваа на настанот. Самиот настан беше многу убаво и добро подготвен од страна на организаторите. Имавме можност да видиме постери кои содржат фотографии и информации за Кадифената револуција. Исто така, имаше постери посветени на почетокот на Словачка и на членството на современа Словачка во меѓународните организации како што се НАТО, ЕУ или Вишеградската група… Имавме исто така големо задоволство да разговараме со вработените во Амбасадата на Република Словачка во Скопје. Ви благодариме за поканата, бевме воодушевени да присуствуваме на ваков прекрасен настан. Михал Крижан