ЕВС Во ВЦС:Мадис Сиим Кулл

Здраво! Јас сум Мадис Сиим Кулл, и имам 30 години. Ова е мојот втор ЕВС проект, но овој пат во Македонија. Пред овој ЕВС проект, имав чест и огромно задоволство да бидам дел од краток ЕВС проект во Романија, поточно Трансилванија, каде што како волонтер учествував во реновирањето на стара Унгарска фарма која што всушност беше музеј. Назад во мојот драгоцен дом, јас сум посветен на информатичката технологија,  а пак хоби ми е фотографирањето. Средно стручно училиште завршив во 2009 година.

Како волонтер, имам збогатено волонтерско искуство од многу традиционални фолк фестивали во Естонија. Особено уживам во фолк музиката, но во широкиот спектар на музички жанрови сакам да слушам фолк – рок, фолк – метал, и мелодичен метал. Се восхитувам на фолк културата на мојот роден крај, па затоа причината која се пронаоѓам често на тие музички фестивали како волонтер, е најчесто таа. Исто така имам учествувано во организација за фотографирање во Вијанди, каде што се збогатив со неисцрпно искуство. Кога би се опишал себе си, и својот карактер, јас би можел да кажам дека сум млад, фин и смирен. Еден факт на кој сеуште сум горд, е моето учество во Балтичкиот Пат, назад во 1989 год, кога имав речиси само 1 година.

Сега би се запрашале, зашто пак одбрав да учестувам на ЕВС проект токму во Македонија? Најпрвин, темата на самиот ЕВС проект – аутизам е таа која го привлече моето внимание, и ме доведе во оваа земја. Аутизмот е нешто со кое што сум лично приврзан, и затоа одлучив да земам учество на нешто вакво. Но друга причина, која според мене претставува круцијална, е тоа што Македонија е несомнено егзотична земја, земја каде што  мораш да отидеш барем еднаш во својот живот.