You are currently viewing EVS in VCS: Antoine Lomba

EVS in VCS: Antoine Lomba

Здраво! Моето име е Антоан, доаѓам од Франција, поточно од областа Бретања, но најчесто живеев надвор од татковината. Имам 21 година и тукушто дипломирав Европски студии во Мастрихт, Холандија. Покрај француски и англиски, зборувам, или, се обидувам да зборувам и германски и холандски јазик. Сакам да откривам нови култури и јазици. Па, иако не стојам добро со македонски јазик, со нетрпение чекам да научам барем дел од него. Ја сакам глумата, сакам да се шегувам, па затоа сум ентузијастички настроен кон театарот. Возбуден сум што сум тука и веднаш започнувам со откривање на Скопје и на Македонија.