You are currently viewing EVS in VCS: Aisen

EVS in VCS: Aisen

Cześć wszystkim! (Здраво на сите) Моето име е Аисен и имам 24 години. Во моментов живеам во Полска, но сум роден во Сибирски дел на Русија. Имам дипломирано на новинарство, право и музеологија.  Зборувам руски, јакутски, полски, кинески и англиски јазик. Го избрав проектот на ВЦС во Македонија, бидејќи сметам дека тука ќе можам да се надоградам како новинар,  да стекнам искуство како наставник по странски јазици, како и да се обидам да им помагам на децата од улиците во Дневниот центар во Шутка.
Се надевам дека ќе бидам од корист и ќе придонесам за македонска младинска заедница.