Јас сум Елена и учествував на краткорочен ЕВС проект во Сандански. Бугарија е соседна земја на мојата татковина, и сигурно сте љубопитни зошто избрав да учествувам токму тука? Прво, бидејќи последниве неколку години сум отсутна од дома и навистина ми недостига Балканот и неговиот специфичен духПокрај тоа, важна беше и главната наша задача: бевме вклучени во подготовката на „Младинскиот балкански фестивал“. Родена сум во мал град блиску до границата на Бугарија и искрено,, само убави спомени ме врзуваат таму. Но, никогаш порано не сум била во Сандански, кој што е рекреативен центар во југозападна Бугарија, дел од провинцијата Благоевград. Градот има погодна локација, блага клима и релативно висока концентрација на извори на термални води, што го прави популарна за одмор и за рекреација. За мене лично, ќе кажам дека сум патувачка душа, но после долго време решив да се вратам некаде каде што ќе пронајдам мирКога станува збор за проектот, тој беше толку разновиден и интересе, спој од подобрување и реализирање на самиот себеси и допирање на врвот – мојата среќа! Можам да ги доживеам сите различни аспекти на работењето, улогата на организацијата преку имплементација на настани за нивната промоција на социјалните медиуми и дознавање повеќе за европските проекти.

Во оваа кратка статија, сакам да ја споделам позитивната енергија што ја понесов од програмата ЕВС, предизвиците со кои може да се соочите и позитивните аспекти што следуваат. Го завршив мојот проект, па убаво е да се размислува кога се започна. Исто така, не можам да дочекам да видам што ќе се случи следно!

Еден од најдобрите делови на ЕВС, според мене, е големата заедница на волонтери. Ќе добиете шанса да запознаете многу луѓе од цела Европа, секогаш има што да се прави, места за посетување, и секако, забавни вечери! Да се биде далеку од дома не е секогаш лесно, но ќе бидете опкружени со истомисленици и верувајте, времето ќе летне.

Елена Спасовска