You are currently viewing Entrepreneurial Youths in Visual Media

Entrepreneurial Youths in Visual Media

,,Entrepreneurial Youths in Visual Media” беше темата на младинска размена која се оддржа во периодот од 26 октомври до 4 ноември во Балан, Романија. На оваа младинска размена учествуваа претставници од следните држави: Македонија, Романија, Турција, Словакиа и Бугарија. Претставниците на Волонтерскиот Центар Скопје активно учествуваа во секојдневните активности во рамките на проектот со цел да се стекнат со знаење и креативност, но и да научат да размислуваат надвор од кутијата.

Целта на оваа младинска размена беше младите луѓе да се запознаат со основните правила и чекори во претприемништвото, како и правење на маркетинг кампања со користење на фотографија, видео и веб страна. Исто така, како најважна цел беше да се охрабрат младите луѓе да станат претприемачи.

Претставниците на ВЦС ги пренесуваат своите импресии:

Кристина: Првата мисла што ја добив кога го видов повикот за оваа младинска размена беше: Што знам јас за претприемништвото? Во тој момент заклучив дека треба да аплицирам и по патот на неформалното образование да научам нешто повеќе. По завршувањето на младинската размена, сфатив дека се здобив со многу придобивки. Навистина, научив многу за претприемништвото, фотографијата, за другите култури и нивната традиција. Добив многу нови идеи за претприемништво и особено ми значи тоа што ми помогна да сфатам каков претприемач сакам да бидам.

Јетон: Оваа младинска размена ми помогна да научам да си го организирам времето и обврските. Премногу сум среќен што научив како да направам видео за некоја реклама и што сфатив дека многу се пронаоѓам во оваа област. Во иднина би сакал и професионално да се занимавам со правење на видеа.

Александар: За мене ова беше прво искуство и ми остави голем впечаток. Најпрво, ми помогна да излезам од својата сигурна зона. Потоа, научив многу работи за правење на маркетинг кампања кои ќе ми помогнат во реализирање на моите цели за во иднина. Научив многу за другите култури и стекнав многу нови пријатели.

Антонио: Од секогаш сум сакал да станам претприемач, но сметав дека тоа е голем чекор, дека е потребно познавање на таа област и се соочував со недостиг од идеи за реализација. Благодарение на оваа младинска размена, се стекнав со знаење од доменот на претприемништвото, добив многу идеи и сум многу повеќе креативен. Но,  најважно од се е што се охрабрив да си го остварам сонот.

Автори: Кристина Србиновска, Антонио Николоски, Јетон Винца, Александар Цветковски