You are currently viewing Зајакнување капацитети на ранливи групи: Театар, креативно пишување и емоции во фокусот.

Зајакнување капацитети на ранливи групи: Театар, креативно пишување и емоции во фокусот.

Во периодот помеѓу 15-23 Октомври во Струга, Волонтерскиот Центар Скопје заедно со белгискиот партнер Art of the Box се домаќини на тренинг курсот „Зајакнување капацитети на ранливи групи: Театар, креативно пишување и емоции во фокусот“. Проектот е наменет за потребите на организации кои работат со ранливи групи на млади или млади луѓе посебно изложени на ризик пред кои постојат додатни предизвици за надминување, помалку достапни ресорси и подршка. Покрај резултатот на директно вклучените учесници проектот има за цел да го зголеми квалитетот на услугите на партнерските организации, да донесе идеи за нови локални, национални и меѓународни проекти како и да ја подигне јавната свест за ситуацијата во која се ранливите групи на млади луѓе. Методите и техниките кои се користат на овој тренинг се базирани на креативно пишување и театар кои се насочени на некои аспекти како справување со силните емоции и подигнување на самодовербата кај младите.
Проектот се состои од 2 клучни активности, тренинг курс за младински работници кои работат со ранливи категории и младинска размена наменета за млади од ранливите категории. Исто така планирано е и APV пред почетокот на размената. Во проектот се вклучени 24 учесници од Шпанија, Македонија, Хрватска, Латвија, Грција и Белгија. Првиот ден беше наменет за меѓусебно запознавање преку интерактивни игри и повеќе тим билдинг активности.Исто така имаше време да се презентираат целите на проектот, интерен договор, запознавање со формално и неформалното образование и Youth Pass сертификатот што секој учесник ќе го добие по завршување на проектот. Сите сме во исчекување на наредните активности.

Партнерите во овој проект се Мундус од Шпанија, Медиа Тера неа од Грција, Талсу новада фонд од Латвија и Млади за Мароф од Хрватска.

Средствата се обезбедени од Еразмус Плус програмата и белгиската национална агенција.