За прв пат, оваа година, Волонтерски Центар Скопје, е официјален медиумски партнер на YO!Fest.

YO!Fest ќе се одржи на 1 и 2  јуни 2018 година  во Стразбур, каде што над 8.000 млади Европејци помеѓу 16 и 30 години ќе се соберат и фокусираат на проблемите и заедно ќе изнајдат решенија како млади луѓе кои што допрва ќе носат промени.

Фестивалот нуди широк спектар на активности, вклучувајќи дебати, креативни работилници, сесии за вмрежување и многу други активности поврзани со дигиталната револуција, Европската интеграција, социјалната вклученост и средината во која живееме.

Откријте ги петте теми на YO! Fest 2018 :

 

Во тек со дигиталната револуција

Имаме ли сите еднаков пристап до технологијата? Кој е изоставен? Што можеме да направиме за да ја премостиме дигиталната поделба? Дали јавните политики можат да го одржат темпото со дигиталната револуција? Како дигиталната револуција го менува образовниот систем и иднината на работата? Како технологијата влијае врз нашите врски и ментално здравје?

Мораме да најдеме идеи денеска, за да бидеме подготвени за утре. Следете ВСЦ за  дознаете повеќе за Yo!Fest 2018 и за дискусијата поврзана со дигиталната револуција.

            Апел за фер поделба

Како да ја стопреме дискриминацијата при поделба на богатството? Како да изградиме правичен систем кој се бори против неправда? Како да изградиме фер општество кое што нуди еднакви шанси за сите? И како да се осигураме дека младите Европејци имаат еднакво поле за игра?

Следете ВСЦ за  да дознаете повеќе за Yo!Fest 2018  и повеќе за старо-новите идеи кои што можат да бидат решение за проблемите на нееднаквоста со кои се соочува Унијата.

 

Со работа до посилна Европа

            Во време кога политиките на политичките партии стануваат се понерелевантни за младите луѓе, треба ли Европа да го смени својот пристап? Во свет во кој што се менува политичката ситуација и јавното мислење, дали е ова можноста да се измени начинот на создавање на политиките на за да се осигураме дека гласот и искуствата на младите Европејци се слушнати најгласно? Дали Европските институции работат за младите луѓе? Дали носителите на одлуки се свесни за многубројните идеи и искуства на младите Европејци?

Следете ВСЦ за  да дознаете повеќе за Yo!Fest 2018 и соочувањето на младите со светските лидери, носители на одлуки, инфлуенсери и политичари, за да се осигураме дека секој глас ќе биде чуен.

Преживување во турбулентни времиња

            Која улога можат да ја имаат младите во заштитувањето на Европската идеологија, демократија и територијалното единство? Како да изградиме интегрирана Европа каде што секој е добредојден? Како да се справиме со расизмот и да имаме искрена и сеопфатна дискусија околу миграцијата? Како да ги вмрежиме граѓаните и да се осигураме дека младите не се изоставени? Како да станеме дел од решението со кое што ќе го редуцираме конфликтот и ќе придонесеме за мирот?

Следете ВСЦ за  да дознаете повеќе за Yo!Fest 2018  каде што ќе ги чуете едни од најголемите умови на светот на тема меѓународен развој и говорите насочени кон носителите на одлуки за личните искуства на преживување во турбулентни времиња

Заштитувајќи ја нашата планета

Што можеме да направиме сега за да се осигураме дека идните генерации ќе имаат здрава и чиста околина за живеење? Треба ли да земеме предвид алтернативни економски модели и мерки за благосостојба кои ќе ни помогнат поинаку да гледаме на нашето општество? Може ли Европа да има водечка улога во меѓународните климатски преговори? Како да одбереме и промовираме одржлив и етички развој и конзумеризам? Како технологијата го менува начинот на кој што ги презентираме еколошките проблеми? Како да ги инспирираме луѓето околу светот да се заинтересираат околу еколошките проблеми и како да се осигураме дека гласот на младите ќе биде чуен во тој процес?

Следете ВСЦ за  да дознаете повеќе за Yo!Fest 2018 каде што се зборува за актуелните проблеми и за начинот како да ја заштитиме нашата планета.